Лимани: Ахмети заедно со Ковачевски да одговорат дали се за ЕУ и САД или за Србија и Русија

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Лидерот на ДУИ и Владата им должат на граѓаните одговор дали се со САД и ЕУ или за Србија и Русија, истакна на денешната прес конференција потпретседателот на БЕСА Фатмир Лимани, поранешен функционер на ДУИ, како и внук на Али Ахмети.

Како што посочи, секој ден владата на СДСМ и ДУИ поради организираниот криминал и братските односи со Русија и Србија ги уништуваат односите до степен на непријателство со стратешките партнери САД и ЕУ.

„За тесни, групни, лични и партиски интереси лидерот на ДУИ заедно со неговиот полубрат Ковачевски, преку антинационалистички проекти од типот на „Отворен Балкан“ ја насочуваат земјата кон српско-руските интереси и отстапуваат од европските вредности и стратешките политики на САД за балканот и нашата земја. Ги повикуваме САД и ЕУ да бидат поостри во однос на досегашните наредби упатени кон сегашната власт да се откажат од корупцијата која ја вметнаа во секоја пора на институциите. Според статистиките и анкетите нашата земја е преставена како корумпирана од 95 до 97 % во сите слоеви“, вели потпретседателот на БЕСА Фатмир Лимани.

Тој обвини дека актуелната власт подготвува терен за враќање на Груевски во земјата и негово прогласување за невин.

„За ситуацијата да биде пострашна, криминалната влада наместо да ги спроведува реформите, таа подготвува терен за враќање на Груевски и негово прогласување како невин за тешки казни и злоупотреби кои ги направи со ДУИ. Ставот на САД и сите европски земји е јасен, нападите на српските терористи ги прогласија за терористички, додека Ахмети преку министерот Османи испрати умерена и пријателска порака дека треба да се чека и да се види дали Србија е вмешана во овие напади. Граѓаните се заситени со игрите на актуелната власт и сватија дека криминалната власт терминот европски фронт го користи само формално за да ја зачува позицијата“, рече Лимани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот