Лига Европа: Елмас денеска против Барса, Николов е домаќин на Брага

елиф елмас
Наполи и Елиф Елмас имаат голема пречка во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска ќе се играат првите натпревари од плеј-оф фазата во Лигата на Европа за пласман во осминафиналето каде што веќе се наоѓаат Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Црвена звезда, Баер Леверкузен и Вест Хем.

За влез во осминафиналната фаза ќе се борат и четворица македонски репрезентативци, Наполи на Елиф Елмас од 18.45 часот гостува на „Камп Ноу“ каде што ќе се соочи со Барселона, во можеби најинтересниот пар.

Потоа, молдавскиот Шериф Тираспол во чии редови настапува Бобан Николов на домашен терен од 18.45 часот ќе ги одмери силите против португалската Брага.

А од 21.00 часот Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми во Шпанија ќе играат против Севиља.

Лига Европа, плеј-оф фаза (1/16)
Први натпревари

18.45 часот Барселона – Наполи
18.45 часот Борусија Дортмунд – Ренџерс
18.45 часот Шериф Тираспол – Брага
18.45 часот Зенит – Бетис

21.00 часот Аталанта – Олимпијакос
21.00 часот Порто – Лацио
21.00 часот Лајпциг – Реал Сосиедад
21.00 часот Севиља – Динамо Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот