Левица обвини дека министерот Сали вработува свои луѓе додека здравствениот систем пропаѓа

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Продолжуваат унапредувањата на лица блиски до власта, без јавен оглас, овој пат во режија на министерот за здравство Беким Сали, тврдат од политичката партија Левица.

– Интерниот оглас за унапредувањата според кој донел одлуки министерот Беким Сали не биле објавени на веб-страната на Министерството за здаравство, спротивно на законот. Со тоа одлуките се нелегитимни и тие мора да бидат поништени – реагираат од партијата.

Министерството за финансии, според партијата, мора да обезбеди согласности за одлуки кои имаат буџетски импликации за 2023 година.

Левица дознала дека и неквалификувани лица блиски до власта биле унапредени.
Оттаму потсетуваат дека повеќекратно реагирале на општата состојба во здравството, како недостатокот на лекови за ретки болести, за лошото справување со пандемијата и нетранспарентните јавни набавки од страна на Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот