Летоци од Град Скопје со новите насоки за подигање на отпадот од домаќинствата

Град Скопје за време на викендкарантинот подготви сервисни информации кои ќе им бидат од корист на ѓраѓаните на главниот град.

-Во летоците што ги подготвивме за Вас, прочитајте ги новите насоки за подигање на отпадот од домаќинствата и за работата на инспекциските служби на Град Скопје и на Архивата. Информирајте се за новиот возен ред на автобусите на ЈСП и за саатниците за изнесување на милениците, во услови на вонредна состојба и полициски час- стои во Фејсбук објавата на градот.

Доколку имате потреба, побарајте помош и поддршка од мобилните тимови на Црвениот крст за набавка на лекови, прехранбени продукти и средства за лична хигиена за ранливите категории граѓани.

Градот Скопје изминатиов период го прилагоди работното време на своите служби и на јавните градски претпријатија со единствена цел – да го заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот