Лекарите препорачаа уште неколку дена самоизолација за Хрватскиот премиер

На хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој се зарази со новиот коронавирус, лекарите му го продолжија престојот во самоизолација.

Владата соопшти дека премиерот ќе остане во самоизолација уште неколку дена. Пленковиќ, велат тие, ќе работи од дома за тоа време, поради се уште присутните поблаги респираторни симптоми.

„Премиерот се чувствува добро и нема температура. За време на целиот период на изолација, кој започна во саботата, 28 ноември, тој работеше секојдневно и континуирано од дома, извршувајќи ги сите свои активности и должности”, соопшти Владата.

Пленковиќ е во самоизолација од 28 ноември, откако неговата сопруга беше инфицирана со Ковид-19. Два дена подоцна и тој доби позитивен тест за вирусот.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот