Лејкерси заборавија како изгледа да се победи Торонто (ВИДЕО)

твитер

Торорнто репторс ја продолжува неверојатната серија, веќе шест години не знае за пораз од ЛА Лејкерс. Од друга страна Лејкерси се надеваа дека на неутрален терен во Орландо ќе успеат да ја прекинат црната серија, но ништо од тоа торонто славеше со 107:92.

Леброн Џејмс постигна 20 поени, Ентони Дејвис 14 поени, но немаа поддршка од останатите соиграчи, а кога Леброн во финишот замина на клупата да се одмори, Торонто направи серија од 10:0 и ги реши дилемите околу победникот. Во редовите на актуелниот шампион брилјираше Кајл Лаури со 33 поени, 14 скокови и 6 асистенции.

ЛА Клиперс по поразот во градското дерби, го растурија Њу Орлеанс победувајќи со 126:103. Работата беше завршена уште во првото полувреме кои им припадна на клиперси со дури 22 поени предност. Пол Џорџ со 28 и Каваи Ленард со 24 поени беа најпрецизни кај победникот.

Јунак на вечерта беше играчот на Индијана, Ти-Џеј Ворен кој го наполни кошот на Филалдефија во победата на неговиот тим од 127:121. Ворен уфрли дури 53 поени и погоди 20 од 29. упатени шутеви.

Резултати:
Оклахома – Јута 110:94
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 126:103
Индијана – Филаделфија 127:121
Торонто – ЛА Лејкерс 107:92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот