Легендарните актери ги споделија најдобрите животни совети кои некогаш ги добиле: Не се сфаќајте себе толку сериозно!

Фото: Профимедиа

Двејн Џонсон

„Кога имав 15 години, слушнав дека е убаво да си важен, но поважно е да си фин. Сите оние луѓе на кои им се восхитував како Харисон Форд или професионалните спортисти, сите тие беа славни и мислев дека ако успеам и јас ќе бидам славен. Секогаш тоа ќе го памтам. Да се биде фин е буквално најлесниот дел од мојата работа“

Рајан Рејнолдс

„Во Канада велиме дека постојат луѓе кои им се умилкуваат на надредените, а ги омаловажуваат оние под нив. Никогаш не сакате да сте такви, тоа е многу важно. Можеби еден ден човекот кој ви носи кафе ќе го води студиото. Звучи клише, но тоа е вистината. Во кариерата имав многу успеси и падови и приметив дека кога паѓам некој сигурно ќе ми пружи рака, ако сум фин со сите“

Морган Фриман

„Спокојно чекори низ буката и хаосот препознавајќи го мирот кој се наоѓа во тишината“

Џорџ Клуни

„Никогаш не ги мешај пијалоците. Тоа ми го кажа мојата тетка Роузмари кога ѝ го побарав најдобриот совет. Никогаш не мешај вино и вотка“

Мајкл Кејн

„Доколку се случи нешто лошо и тргне наопаку, морате да се запрашате што позитивно можете да извлечете од сето тоа. Секогаш обидете се да најдете начин да извлечете поука од лошата ситуација. Било што и да се случи“

Ентони Хопкинс

„Не се сфаќајте себе толку сериозно“

Расел Кроу

„Најдобриот совет кој го добив кога бев младо момче веројатно беше циничен, но… Тоа се две работи. Првата ми ја кажа постар актер: Оној кој патува сам, патува најдалеку. Поради таа работа долго време не бев во врска, имав амбиции и сакав да се занимавам со нив. Другиот совет беше: Вдишете повеќе отколку што ќе издишите. Тоа значи дека кога ви е тешко, не треба да се откажувате. Само продолжете понатака“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот