Легализацијата на канабисот на Германија може да ѝ донесе до пет милијарди евра годишно

Парада за легализација на канабисот во Германија
Парада за легализација на канабисот во Германија / 11 август 2018 / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Легализирањето на канабисот може да и донесе на Германија годишни даночни приходи и заштеди од приближно 4,7 милијарди евра и да отвори 27.000 нови работни места, покажа денеска објавеното истражувањето.

Веројатниот иден канцелар Олаф Шолц и неговите социјалдемократи од левиот центар (СПД) преговараат за тринасочна коалиција со Зелените, еколозите и либералите ФПД.

Преговарачите од СПД, Зелените и ФДП сè уште ги разработуваат деталите од коалицискиот договор, вклучително и правилата според кои продажбата и употребата на рекреативен канабис во најголемата европска економија ќе биде дозволена и регулирана.

Студијата на Институтот за конкуренција (DICE) при Универзитетот Хајнрих Хајне во Дизелдорф, нарачана од Германското здружение за канабис, покажа дека легализацијата на канабисот ќе доведе до дополнителни даночни приходи од 3,4 милијарди евра годишно.

Во исто време, тоа може да донесе заштеди од 1,3 милијарди евра годишно за полицијата и правосудниот систем и да создаде десетици илјади работни места во индустријата.

Легализирањето на канабисот во Германија ќе го поттикне растечкиот европски пазар, кој се очекува да генерира повеќе од три милијарди евра годишно до 2025 година, во споредба со околу 400 милиони евра оваа година, според европскиот извештај за канабис на аналитичката фирма Прохибишн Партнерс.

Употребата на канабис за медицински цели е легална во Германија од 2017 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот