ЛДП предлага пасошите да важат до истекот на нивниот рок со печат на Северна Македонија

Стариот и новиот Македонски пасош / Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Либерал демократската партија, се со цел да се олесни движењето на граѓаните надвор од границите на државата, предлага дополнување на Законот за патните исправи.

„Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на јасни правила за државјаните на земјава, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во истата со поседување на валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Северна Македонија со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа“, појаснуваат од ЛДП.

Според партијата оваа иницијативата е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не пдонесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту пак на државата.

„За нас секој е важен и сметаме дека патната исправа која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик може да биде валидна и со печатот Република Северна Македонија до истекот на рокот на важноста на истата, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува Преспанскиот договор кој доведе до исполнување на државна цел – членството во Нато“, додаваат од ЛДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот