Лажни дојави за бомби сеат страв како за вистински, претпазливоста е единствена превенција

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Безбедносните структури за лажните пријави на бомби треба да реагираат како за вистински. Тоа е така бидејќи ова безбедносно прашање не смее да се потцени, со оглед на неговите ефекти кои можат длабоко да навлезат во општеството во моменти кога државата се уште не може да гарантира соодветен но и брз степен на безбедност од ваквите дејства.

Ова главно е сублимираниот заклучокот на безбедносните експерти со кои „Слободен печат“ се консултираше во светлост на настаните откако неделава училници на шест скопски училишта беа испразнети поради лажни дојави за поставени бомби во нив а предходно тоа се случи и во автобусите на ЈСП.

Докторот на воено-политички науки Благоја Марковски истакнува дека хибридните закани или „специјалните војни“ кои во мометов се активни глобално, но и во земјите од опкружувањето преку хакерски напади на институциите, но и пријави за бомби во јавни објекти, се насочени да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите кои ги кројат државните политики. Па така според Марковски овој феномент повеќе од очигледно е дека некој сака да го „одомаќини“ и овде.

Благоја Марковски

– Потребно постојано следење на ваквите настани и во превентивна мисла неопходно е превземање на соодветни мерки од страна на стручните безбедносни структири. Секако не е доволно со овој проблем да се занимаваат само безбедносните служби и органи туку оваа проблематика подразбира и многу поширока општествена активност. Во смисла на подобрување на животниот стандарт на граѓаните но и во насока на превентивно следење на разноразни активности на сомнително психички не знарави лица – вели Марковски.

Според Марковски колку ќе биде успешна таа борба и навремен одговор е сосема друго прашање, но мора да се има предвид дека овие закани се изненадувачки и согласност тоа треба да се има сериозен пристап кон проблематиката. Затоа вели тој треба да бидат вклучени и образовно-воспитните и здравствени институции кои во соработка со безбедносните структури ќе ги набљудуваат и превенираат евентуалните вакви дејствија.

Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Од друга страна за воено политичкиот аналитичар Милан Стефановски хибридните закани во Македонија главно се присутни преку дезинформациите, додека лажните пријави за бомби во објекти и хакерските напади се тешки за докажување што бара целосна посветеност на државниот апарат.

Политички аналитичар Милан Стефаноски

– Македонија во принцип не е главна цел на хибридни напади, сепак тука се дејствува преку дезинформации, но дојавите за поставени бомби во јавни објекти се безбедносно прашање што не смее да се потцени. Тоа е така бидејќи тие се случуваат преку „прокси-актери“, кои навлегувајќи во порите на општеството и го загрозуваат системот. Затоа треба да се држиме до стандардите на НАТО, да има одговорност, транспарентност на сите чинители во општествениот живот за сите отворени прашања и проблеми кои ги мачат граѓаните. Тоа според мене ќе биде најдобра одбрана од хибридните закани  – оценува Стефановски.

Соговорниците посочуваат дека клучни за заштита од хибридните закани во кои влегуваат и овие лажни дојави за поставени бомби во јавните објекти се издигањето на свесноста за нивната појава и размената на искуства и знаења преку меѓународната соработка на безбедносните структури.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот