Лавров нема да оди во Србија, ќе биде во самоизолација

Сергеј Лавров/ Фото Архива на Слободен печат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на коронавирусот, а сите закажани посети и состаноци ќе бидат одложени, објави прес-службата на руското Министерство за надворешни работи.

– Сите претходно закажани посети и состаноци ќе бидат одложени. Тој се чувствува добро, соопшти Министерството.

Лавров утре требаше да оди во дводневна посета на Србија, при што требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Извор:МИА

Лавров на средба со Дендиас: Сите проблеми да се решаваат преку дијалог

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот