Лани во четвртиот квартал 151 972 невработени од вкупно 941 524 активни лица

Зелен пазар, Скопје
Зелен пазар, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во четвртото тримесечје од минатата година бројот на активното население во земјава изнесувал 941 524 лица, од кои 789 552 биле вработени, а 151 972 невработени лица.

Од вработените 471 739 лица биле од машки пол, а 317 813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93 674, а на невработени жени 58 289. Од невработените дури 32 971 лице се со завршено високо образование.

Во четвртиот квартал од 2019 година, пак, бројот на активно население изнесувал 968 604 од кои 807 362 биле вработени,а 161 242 невработени лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во четвртиот квартал од 2020 година е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот