Лани е потрошено поголемо количество вода

За потребите на снабдување со вода, во 2018 година биле зафатени и преземени 305 430 м3 вода, што е за 10.1 % повеќе во споредба со истиот период во 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупното зафатено количество вода, 11.9 % се од подземни води, 67.9 % од изворски води, 11.0 % од водотеци, 8.2 % од акумулации и 1.1 % од езера.

Вкупното количество преземена вода од други водоводни системи е за 8.3 % поголемо во однос на претходната година.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2018 година било за 20.2 % повисоко во однос на претходната година. Во структурата на потрошувачката на вода најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 55.5 % од вкупно испорачаната вода од јавниот водовод.

Во 2018 година, јавниот водовод имал загуби на вода поголеми за 0.1 % во споредба со референтната вредност во 2017 година.

Вкупното количество отпадни води во 2018 година било за 2.6 % помало во однос на 2017 година.

Вкупното количество непречистени отпадни води во 2018 година се намалило за 10.6 % во однос на претходната година. Вкупното количество пречистени отпадни води било за 32.2 % повисоко во однос на 2017 година. Најмногу отпадни води биле испуштени во водотеци (41.7 % непречистени и 20.8 % пречистени отпадни води).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот