„Лајка“ – ЈП за геноцид врз животните?

Во Советот на град Скопје вчера беше презентирана програмата и притоа се дискутирање за новото ЈП „Лајка“ кое ќе треба да го замени „Вардариште“.

Неодамна при објавувањето на програмата што ќе работи „Лајка“ Драгана Велковска членка на Советот на град Скопје, имаше произнесување при што настана своевиден „хаос“ на социјалните мрежи. Токму Велковска беше гостинка во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ и се осврна на начинот на кое сето тоа градот го изменаџира.

„Да се вика јавност на веќе донесен усвоен пропис на Советот на Град Скопје е неодговорно и е само шминка. Не може да велите дека ја консултирате јавноста за нешто што веќе сте го усвоиле и можеби во иднина ќе го смените“, вели Велковска.

Таа вика дека случувањата притоа биле како еден „евтин театар“.

„Се знае како се консултира јавност и како таа учествува во сето тоа. Ова не беше така, туку беше еден евтин театар како и што се случува во овој мандат. Нема вистински напори да се решат работите. Само се презентираат некои слики, некои привиди дека е нешто сработено, што во суштина не е вистина. Така и ова. Јавноста вчера не само што не беше поканета на веќе усвоен пропис, туку јавноста беше и повикувана да се потпишува и се бараа некакви имиња и презимиња на Фејсбук профилот на градот – што за мене беше бизарно“, изјави таа.

Велковска додаде дека се барало оние кои што сакаат да учествуваат во расправата да се пријават со име и презиме и дека тие чекале да се потпишат на список за да можат да влезат внатре.

„Јас кога сум присуствувала на други вакви јавни расправи тоа не се правело, ниту па имало слично барање. Ова е класичен начин на одвраќање на граѓаните и метод на заплашување. Евтаназија е хумана метода за да се скрати мачењето на животното и тогаш е хумана метода. Овде се зборува за геноцид и се злоупотребува концептот на евтаназија“, додаде Велковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот