Шилегов: Програмата на „Лајка“ не е Библија, па да не може да се смени

Фото: Слободен печат

Здруженијата за заштита на животните, вечерва на презентацијата на програмата за ЈП Лајка на градоначалникот, Петре Шилегов јасно му дадоа до знаење дека во програмата не може да се интервенира, затоа што истата треба да се смени.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во обид да ги смири членовите на здруженијата за заштита на животните на вечерашнава дискусија за програмата на ЈП Лајка рече дека програмата може да претрпи измени.

-Програмата не е Библија, па да не може да се смени. Иако оваа програма ја одобри Агенцијата за храна и ветеринарство, можеме да доставиме измени и повторно да ги доставиме на одобрување, рече Шилегов и додаде дека бројот на членови на Управниот одбор не е пополнет па може и дел од активистите да станат членови и да учествуваат во работата на Лајка.

Здруженијата за заштита на животните, на градоначалникот Петре Шилегов јасно му дадоа до знаење дека во програмата не може да се интервенира, затоа што истата треба да се смени.

-Алармантна е состојбата со бројот на репродуктивни кучиња. Неопходна е нивна стерилизација, а не ловење на кучињата и носење во резервати. Тоа би траело до бескрај, а грижата за сите тие кучиња Градот и граѓаните би ги чинело многу- рече Радмила Пешева од Анима Мунди.

Таа додаде дека тие се против брзите тестови за болестите лишманија, срцев црв и штенечак, кои се болести од кои не треба да стравуваат луѓето.

-Ако ги убиете сите кучиња болни од овие болести, ќе значи дека 30 проценти од кучињата ќе бидат еутанизирани. А морам да додадам дека тие брзи тестови не се точни- рече Пешева.

На овие ставови се спротивстави Љупка Аврамовска, член на управен одбор на Лајка.

-Болните кучиња мира да се еутанизираат, затоа што на улица само ќе се мачат. Нив им треба лекување, а ако се јават заинтересирани кои ќе ги вдомат, ние нема да ги еутанизираме- рече Аврамовска.

Фото: Слободен печат/ Љупка Аврамовска член на Управен одбор на Лајка

И ветеринари од Факултетот за ветерина истакнаа дека еутаназијата е неопходна при лишманија, иако од оваа болест не можат да се разболат луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот