Ладен туш за Лацио на „Олимпико“

epa08880526 Lazio's Manuel Lazzari (L) and Hellas Verona's Adrien Tameze in action during the Italian Serie A soccer match between SS Lazio and Hellas Verona at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 12 December 2020. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Екипата на Лацио загуби на домашен терен со 1:2 од Верона во 11. коло од Серија А и продолжи со променливите игри сезонава.

Верона поведе во финишот од првото полувреме со автоголот на Лазари кој во обид да го блокира шутот на противникот несреќно ја смени насоката на топката и го измами сопствениот голман Пепе Реина.

Лазари се извади за киксот во 56. минута кога му асистираше на Каиседо за измранување на 1:1.

Сепак, трите бода за Верона ги обезбеди Тамезе во 67. минута.
Со пбедата, Верона го прескокна Лацио на табелата, има 19 бодови за шесто место, додека „лацијалите“ се осми со 17 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот