Лацио повторно во ЛШ: УЕФА потсети на мајсторијата на Пандев против Реал! (ВИДЕО)

Фото: EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Лацио после 13 години повторно е во групите од Лигата на шампионите, последен пат беше дел од елитата во сезоната 2007/08.

Оваа сезона „небесно-сините“ ќе играат во групата „Ф“ заедно со екипите на Зенит Ст. Петерсбург, Борусија Дортмунд и Клуб Бриж.

Првиот меч играчите предводени од тренерот Симоне Инзаги ќе го играат во вторник (20. октомври) на Олимпискиот стадион во Рим (21.00 часот) против Борусија Дортмунд.

По повод враќањето на Лацио во ЛШ, денеска УЕФА на социјалните мрежи објави видео со едни од најубавите погодоци на римскиот клуб во минатото во ова натпреварување.

А во тој избор се најде и македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој исто така во кариерата беше дел од Лацио, а се одвојува неговиот прекрасен гол (еден од двата) против Реал Мадрид во ремито на домашен терен (2:2) токму од последната сезона во која Лацио играше групна фаза во ЛШ.

Иако „кралевите“ двапати водеа благодарение на головите на Руд ван Нистелрој, нашиот „Гранде Пандев“ двапати ја затресе мрежата на Икер Касиљас и не дозволи неговиот клуб да биде поразен од европскиот гигант.

Лацио во текот на својата историја исто така имаше врвни играчи, покрај нашиот Пандев, листата ја збогатуваат уште Хуан Себастијан Верон, Роберто Муци, Синиша Михајловиќ, Хернан Креспо, Клаудио Лопез, Стефано Фиоре, Џузепе Фавали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот