Курти: Без признавање на независноста на Косово, нема нормализација на односите со Србија

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Новиот косовски премиер Албин Курти рече дека „нема нормализација на односите со Србија, доолку не се признае независноста на Косово“. По гласањето за предложениот кабинет, тој нагласи дека главен приоритет на Владата ќе биде „надминување на ситуацијата што ја создаде пандемијата, а потоа на ред ќе дојдат правдата, вработувањата, економскиот развој и реформа на образованието“.

– Пандемијата е главен предизвик. Без да губиме време, ќе смислиме план за нови мерки и ќе имаме цел да вакцинираме 60 отсто од населението. Ќе продолжиме со проверка за воспоставување на правда, образованието, исто така, ќе биде реформирано, истакна Курти.

Во делот на дијалогот со Србија, Курти порача дека „без признавање на стварноста на независно Косово и прифаќање на вистината од Србија, не може да има нормализација меѓу двете земји и двата народа“.

Рече дека Косово има отворени прашања со Србија што треба да ги решава низ дијалог, но истовремено нагласи дека не може да се постигне напредок, ако нема напредок во решавање на судбината на исчезнатите на Косово.

Курти додаде дека „со помош на реципроцитет ќе се унапредуваат односите со соседите“. Подвлече дека патот за членство во Европската Унија (ЕУ) може да биде предизвикувачки, но и дека нема алтернатива.

За свој прв заменик премиер, Курти го предложи Бесник Бислими од „Самоопределување“ кој ќе биде надлежен и за евроинтеграции, дијалог и развој. Потпретседатели се и Доника Гервала, од Иницијативата на Вјоса Османи, која ќе раководи и со министерството за надворешни работи, и Емилија Реџепи од бошњачката заедница која ќе биде задолжена и за положбата на малцинствата и за човековите права.

Косово ја доби новата Влада: Курти е нов премиер со 67 гласа „за“, Србите добија едно министерство

Нов министер за внатрешни работи е Џељаљ Свечља, Аљбулена Хаџи е нова министерка за правда, Розета Хајдари ќе биде на чело на Министерството за трговија и индустрија, а ресорот финансии му припадна на Хекуран Мурати.

Министерството за образование и наука е доделено на Арберие Нагавци, министер за култура, млади и спорт ќе биде Хајрула Чеку, додека Министерството за земјоделство му е доверено на Фатон Пеци. Министер за инфраструктура е Љибурн Алиу, за економија Артан Ризваноли, а за зддравство – Арбен Витиа.

Со одбраната ќе раководи Арменд Мекај, со локална самоуправа – Ељберт Красниќи, со Министерството за регионален развој ќе раководи Факрим Дамка, претставник на турската заедница, а Горан Ракиќ ќе биде на чело на Министерството за заедници и враќање.

Глаук Коњуфца избран за нов претседател на Собранието на Косово: Членките на ВВ гласаа облечени во бело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот