Глаук Коњуфца избран за нов претседател на Собранието на Косово: Членките на ВВ гласаа облечени во бело

Новиот состав на Собранието на Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, го избра денеска, со 69 гласа „за”, 33 „против” и ниеден „воздржан”, Глаук Коњуфца за нов собраниски спикер, јави дописникот на МИА од Приштина.

Жените од движењето Самоопределување и листата „Смело“ на Вјоса Османи истакнаа на конститутивната седница на новото Собрание на Косово дојдоа облечени во бели костими.

Косовските медиуми пренесоа дека со овој гест тие сакаа да пренесат порака дека денешниот ден го сметаат за „Белиот ден“ за земјата.

Коњуфца беше предложен од партијата Движење самоопределување (ВВ), која заедно со листата „Осмели се” на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи победи на годинешните, осми по ред, парламентарни избори, со освоени 50,27 отсто од гласовите.

Во продолжение на конститутивната седница беа избрани и новите потпретседатели на Собранието – Саранда  Богујевци од ВВ, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово, Кујтим Шаља од Демокртскиот сојуз на Косово, Славко Симиќ од Српската листа и Беким Арифи од партиите на немнозинските етнички заедници.

Според се уште непотврдени информации, кои ги објавија дел од медиумите, подоцна во текот на денот теба да се закаже седницата на која треба да се гласа за новата Влада на Косово, која ќе ја предводи лидерот на ВВ, Албин Курти.

На почетокот на денешнта седница беше формирана собранска комисија која ги верификува мандатите на новите пратеници, по што 114 присутни, од вкуно 120-те членови на Парламенттот, положија свечена заклетва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот