Куќен притвор за четири лица за противправна легализација на градежно земјиште

Фото: МИА

Од Судот информираат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на четири лица им определи мерка куќен притвор, а на едно лице мерки на претпазливост за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со противправна легализација на градежно земјиште во Тетово.

-Во Основниот кривичен суд Скопје, пред судија на претходна постапка, денеска, беа спроведени пет лица опфатени во предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против шест лица и мерки за претпазливост против две други лица, информираат од Судот.

По произнесување на спроведените лица во однос на предлогот, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донел решение со кое на четири лица им определил мерка куќен притвор, додека на едно лице му определил мерки на претпазливост односно – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска за јавување на службено лице во судот.

Од Судот информираат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

-Едно лице опфатено со предлогот за определување мерка притвор сè уште не е обезбедено од органите на прогон додека другите две лица за кои се предлагаат мерки за претпазливост, повикани се во текот на утрешниот ден да се јават пред судија на претходна постапка за нивно произнесување во однос на предлогот на Обвинителството, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе – наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, за противправна легализација на градежно земјиште со површина од 4.410 метри квадратни во Тетово, нанесувајќи штета на Буџетот на РСМ во висина од околу 860 илјади евра. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот