Крстевски: Немавме одговор на агресивната игра на Грузијците

Алексанадр Јончевски и Бојан Крстевски/ фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија го доживеа третиот пораз во третиот натпревар во квалификациите за пласман на СП 2023 губејќи од Грузија со 91:70, но Александар Јончевски кој седеше на клупата на местото на позитивниот на ковид-19 Драган Бајиќ, смета дека и покрај поразот има позитивни работи.

-Би сакал да и честитам на Грузија, има одлични, искусни кошаркари кои не успеавме да ги спречиме. Имавме добра енергија низ текот на мечот, но тие се премногу квалитетни за овој млад тим. Шестмина од нашите кошаркари, немаа ни една одиграна минута за репрезентацијата порано. Четворица се првпат во националниот тим. И кога на тоа ќе се додадат повредите и отсуството на селекторот Бајиќ, сметам дека имаше ситуации од кои можеме да бидеме задоволни – изјави Јончевски на прес-конференцијата по натпреварот.

Бојан Крстевски натпреварот го заврши со дабл-дабл од 11 поени и 11 скокови, но немаше соодветна помош од соиграчите во битката под кошевите со искусните грузиски центри.

– Противникот почна многу агресивно, а ние немавме одговор на агресивната одбрана. Во исто време, лесно излегуваа на крај со нашата одбрана и тоа резултираше со голем број лесни поени. Сепак, кога се ќе се земе предвид, имајќи предвид дека игравме со многу млади и неискусни кошаркари, покажавме добра енергија. Жалам што на ниеден од досегашните натпревари не бевме комплетни бидејќи имаме одлични кошаркари кои можат да ја носат оваа репрезентација – смета Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот