Кривокапиќ и Абазовиќ ќе бараат митрополитот Јоаникије да се устоличи во Подгорица

Здравко Кривокапиќ, премиер на Црна Гора. / Фото: EPA-EFE/VAIOS CHASIALIS

Црногорските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ ќе побараат од патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникиј да го преместат устоличувањето од Цетиње во Подгорица поради наводни можни инциденти.

Кривокапиќ и Абазовиќ се одлучија на таков чекор по денешните инциденти во Цетиње, кои според нив покажуваат дека тензиите се на високо ниво и дека се можни сериозни инциденти на утрешната церемонија.

Премиерот на Црна Гора вечерва присуствуваше на литургијата што се одржува пред Храмот на Христовото воскреснување во Подгорица. Покрај Кривокапиќ, на свечената богослужба присуствуваа и министрите, владици, епископи и околу 10.000 верници.

По церемонијата се очекува средба меѓу Кривокапиќ, Абазовиќ, Порфириј и Јоаникиј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот