Кривична пријава за вработен во поштата во Центар Жупа, го оштетил буџетот на компанијата за над три милиони денари

денари
Денари / Фото: Архива на Слободен печат

Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против дебранец, вработен во подружницата на „Македонски пошти“ во Центар Жупа, поради неовластено присвојување на над три милиони денари.

– Кривична пријава е поднесена против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека со тоа Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот