Кривична пријава против лице кое неовластено фрлало смет - Слободен печат

Кривична пријава против лице кое неовластено фрлало смет

Град Скопје денеска ја напиша првата кривична пријава против лице кое невластено фрлало смет на улицата Александар Урдаревски во Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град.

Ова го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната акција за расчистување на општина Кисела Вода.

Покрај во Кисела Вода, акцијата денеска се одвиваше и во општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

Како што кажа Шилегов, станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на Градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините.

– Во секоја општина веќе се поставени по три пункта за одложување кабаст отпад каде граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места, изјави Шилегов на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода.

Во општината Кисела Вода денеска ќе бидат расчистени неколку диви депонии, ќе се чисти Усјанскиот канал, ќе се пресечат неколку стари и исушени дрвја, а ќе бидат исчистени и повеќе улици.

На почетокот на акцијата за чистење на улицата „Христо Татарчев” присуствуваа и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на ЈП „Комунална хигиена” Абдусамед Шабани.

Прочитај повеќе

Таткото на Меган Маркл изнесе интимни семејни детали – Светот е запрепастен! (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Извештајот за новата методологија на преговорите нема да биде објавен на 29 јануари

Слободен печат

ЕУ го зголеми нивото на ризик од зараза со коронавирусот од ниско на умерено

Слободен печат

ИНТЕРВЈУ со Весна Петрушевска: Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества

Локализиран пожарот во Белград

Слободен печат

Со женска рака: Поезија од Долорес Атанасова – Лори

Слободен печат

Остави Коментар

12 − 6 =

Прочитај повеќе

Христијан Мицкоски во Еден на Еден: На 12 април ќе се случи „We Will Rock You“ (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Чистење на накит, прочитајте ги овие корисни совети од стручњаци

Слободен печат

Влошено владеењето на правото во Унгарија и Полска

Слободен Печат

Брнз даде силна поддршка за посветеноста на Владата на реформите, стабилноста и интеграциите во ЕУ и НАТО

Слободен Печат

Владата ја усвои Информацијата за номинирање на Длабока река на Прелиминарната листа на УНЕСКО

Слободен печат

Емили Дикинсон, девојката со писмата и белиот сомот

Јасмина Кантарџиева Димков