Кривична и притвор за свекорот кој ја силувал невенчаната сопруга на неговиот посинок

Кривична пријава и притвор од 30 дена за пензионерот од Прилеп кој ја обљубил својата снаа во семејна куќа во прилепско село.

-Одделението за внатрешни работи Прилеп  до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Т.Б.(67) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Во периодот од 26.02. до 02.03.2020 во семејната куќа во прилепско село, пријавениот во три наврати извршил обљуба врз неговата снаа (невенчана сопруга на неговиот посинок)- соопшти МВР.

На 04.03.2020 таа го пријавила случајот, по што бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп, а на 05.03.2020 судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот