Кренато шведското знаме пред седиштето на НАТО

Знаме на Шведкса во НАТО / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Со интонирање на националната химна на Шведска денеска пред седиштето на НАТО во Брисел беше кренато шведското знаме, а церемонијата следеше по заедничката прес-конференција на шведскиот премиер Улф Кристерсон и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

-Шведска се врати дома, рече Кристерсон, пренесе шведскиот јавен сервис SVT.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година, а нејзиниот влез во Алијансата беше блокиран од Унгарија поради критиките на Стокхолм за владеењето на правото во земјата.

Унгарскиот парламент на крајот на февруари го ратификуваше шведското барање за членство во НАТО, а на 5 март законот беше потпишан од унгарскиот претседател.

Пред тоа, Кристерсон ја посети Будимпешта кога беше потпишан договор за купување на четири шведски ловци од Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот