„Кралот“ си игра со оган: Асенсио ги налути првите луѓе на Реал! (ВИДЕО)

фото: sportsfinding.com

Многу спортисти се наоѓаат во карантин поради епидемијата на коронавирусот, а помеѓу нив се и фудбалерите на шпанскиот клуб Реал Мадрид.

Играчите на Реал Мадрид немаат мир во карантин. Прво голема паника се крена околу Лука Јовиќ, а сега во клубот се лути поради невнимателниот потег на Марко Асенсио.

Многу спортисти се наоѓаат во карантин поради епидемијата на коронавирусот, а помеѓу нив се и фудбалерите на шпанскиот клуб Реал Мадрид.

Играчот на „кралевите“, Марко Асенсио сè уште не се опорави целосно од тешката повреда на лигаментите, но реши да им постави нов предизвик на своите пријатели.

Талентираниот офанзивен играч објави видео во кое се гледа како во дворот на неговиот дом прво жонглира со топката, а потоа преку базенот од ѕидот ја удира топката со цел да не падне во водата.

Во лекарскиот тим на Реал Мадрид не се задоволни од видеото што го објави Асенсио на Реал и сметаат дека потегот на Асенсио е невнимателен.

Првенствено затоа што со топката жонглираше на мокар бетон во копачки и ризикуваше да се лизне и повторно да го повреди коленото.

Ја поминува својата четврта година во екипата од „Бернабеу“, со мадридскиот гигант досега успеа двапати да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот