Кралицата Елизабета ја замени Бакингемската палата за нов дом

Кралицата Елизабета Втора
Британската кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Кралицата Елизабета никогаш повеќе нема да живее во Лондон, откако го направи замокот Виндзор нејзина постојана резиденција во последните две години, пренесува „The Sunday Times“.

Нејзиното височество и принцот Филип се преселиле во резиденцијата Беркшир на почетокот на пандемијата, пред смртта на Филип во април минатата година. Кралицата ги помина минатите два Божиќни празниви во Виндзор, поради прописите за заштита од Ковид, а сега се вели дека монархот „нема планови“ да се врати во Бакингемската палата.

epa-efe
Кралицата Елизабета и принцот Филип, Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Тоа значи дека следните членови на кралското семејство што ќе престојуваат во Бакингемската палата ќе бидат војводата и војвотката од Корнвол, кога ќе дојде време принцот Чарлс да биде крал.

Кралскиот автор Хуго Викерс изјави за весникот дека Виндзор е местото што кралицата „го сака“. Тој додаде: „Таа ги има своите спомени со принцот Филип таму, ги има нејзините коњчиња таму и семејството во близина. Има смисла“.

ФОТО+ВИДЕО | Кралицата Елизабета Втора ја загрижи јавноста: Не можам да се движам

кралица палата
Бакингемска палата, Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Весникот, исто така, наведува дека другиот главен фактор зад овој потег е фактот што Бакингемската палата моментално е во фаза на реновирање на 10 години.

Кралицата сега првенствено ќе работи од замокот Виндзор, каде што се очекува да се сретне и да биде домаќин на државници и официјални лица.

ФОТО+ВИДЕО | Кејт Мидлтон препорачува: Детските книги што ги читаат принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис

Замокот Виндзор / фото: Википедија

Таа поминала голем дел од своето детство во Виндзор, со нејзиниот татко и мајка, потоа војводата и војвотката од Јорк, на кои кралската вила им ја подарил нејзиниот дедо, кралот Џорџ V, кога младата Елизабета имала пет години.

Првично користена како имот за викенд за време на Втората светска војна, кралицата и нејзината сестра принцезата Маргарет се преселиле во замокот Виндзор бидејќи се сметало дека е побезбеден од Лондон.

ВИДЕО | Името на Меган Маркл одекнува во српската песна за Евровизија: Констракта откри зошто ја спомнува војвотката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот