ФОТО+ВИДЕО | Кејт Мидлтон препорачува: Детските книги што ги читаат принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис

кејт мидлтон принц вилијам
Британско кралско семејство, Фото: Инстаграм

Кејт Мидлтон ја споделува листата за читање на нејзиното семејство во чест на Светскиот ден на книгата кој се одбележува следниот месец на 23-ти април.

Војвотката од Кембриџ во тим со Камила, војвотката од Корнвол и нејзиниот онлајн клуб на читатели откри пет книги што сака да ги чита на своите деца, принцот Џорџ(8), принцезата Шарлот(6) и принцот Луис(3).

кејт мидлтон вилијам
Фото: Инстаграм

Една од препораките на Кејт има посебна врска со нејзината ќерка: „Charlotte’s Web“(Пајажината на Климентина) од Елвин Брунк Вајт.

Кејт рече дека иконската приказна е „класика за сите времиња и сакана во нашата куќа од очигледни причини. Ова е шармантна приказна за пријателството, лојалноста и љубовта“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Judith Carr (@judecarr_63)

40-годишната Кејт зборува и за радоста кога ги слуша нејзините деца како ја читаат книгата „The Owl Who Was Afraid of The Dark“(Бувот кој се плашеше од темнината) од Џил Томлинсон, која уживала да ја чита како мала. Кејт ја прочита приказната за време на нејзиното неодамнешно појавување на „CBeebies Bedtime Stories“, популарна британска програма за деца која прикажува различна славна личност која чита приказна пред спиење секоја недела.

„Ја сакав оваа книга како мало девојче и слушајќи ги моите деца како ја читаат ми врати толку многу прекрасни спомени. Утешна приказна која им помага на децата да се соочат со своите стравови и да ја зголемат самодовербата со помош на другите“, вели таа.

Во нејзината листа е вклучена и „Stig of the Dump“(Стиг од Депонијата) од Клајв Кинг, која нејзиниот татко Мајкл Мидлтон ја споделил со неа како дете.

„Како дете сакав да поминувам време на отворено, да правам дувла, да копам, да откривам и да создавам нешта од остатоци. Дали поради тоа татко ми ми ја препорача оваа книга или оваа книга ја инспирираше мојата имагинација, не можам да се сетам, но никогаш не ја заборавив оваа брилијантна книга и вредностите што ги пренесува“, вели Кејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stephanie (@stephaniemaltman)

„Feelings“(Чувства) од Либи Валден е следна на листата на кралското семејство.

„Оваа мала книга е прекрасен начин да им помогне на децата да ги разберат и препознаат нивните чувства и емоции и ја оживува важноста на емпатијата“, споделува Кејт.

И серијалот „Katie Morag“(Кејти Мораг) од Маири Хедервик.

Нуди „забавни приказни за деца од сите возрасти и е одлична книга за постарите деца да им ја читаат на помалите браќа и сестри“, вели таа. „Овие книги се исполнети со волшебни и убави илустрации што го придружуваат текстот, така што има многу да се зборува!“

ФОТО | Била вљубеник во книжевноста: Ова е омилената книга на Одри Хепберн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот