Крај на шестгодишната доминација на Барселона на домашен терен, Кјелце започна и ја заврши серијата на каталонците

Морито беше најголема опасност по голот на Барселона / Фото: EPA-EFE/PIOTR POLAK

Полскиот ракометен шампион Кјелце со победата од 30:32 ја прекина неверојатната шестгодишна доминација на Барселона на домашен терен во натпреварите во Лигата на шампионите.

Доминацијата на Барселона на домашен терен во натпреварите во Лигата на шампионите започна во 2015 година по поразот токму од Кјлеце од 31:33 и заврши вечерва со пораз токму од полскиот тим.

Клучен играч во триумфот на Кјелце беше голманот Андреас Волф кој имаше 14 одбрани, додека во нападот Морито постигна седум гола, а Наи даде шест. Кај Барселона најдобри беа Нгесан и Дика Мем со по седум постигнати голови.

Во последниот натпревар од седмото коло во ЛШ, Никола Митревски и неговиот Порто доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај ПСЖ со 33:19. Дилемите околу победникот беа решени во првото полувреме кое ПСЖ го доби со неверојатни 18:4, а притоа домашните ракометари направија серија од дури 11:0.

Митревски натпреварот го заврши со пет одбрани, додека најдобар кај ПСЖ беше Сипжак со осум постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот