Крај на кариерата на Ибрахимовиќ?

epa08099781 Swedish soccer player Zlatan Ibrahimovic poses withhis jersey during his presentation at the AC Milan's headquarters in Milan, Italy, 03 January 2020. it is the second time at Milan for the 38-year-old striker. EPA-EFE/Matteo Corner

Златан Ибрахимовиќ се повреди на тренингот на Милан.

Шведскиот фудбалер за утре има закажано лекарски прегледи за да се утврди степенот на повредата, соопшти екипата на Милан.

 Златан Ибрахимовиќ EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Според првичните информации станува збор за посериозна повреда која може да стави крај на кариерата на 38-годишниот фудбалер.

Имено,  медиумите објавија дека Ибрахимовиќ оддеднаш почувствувал големи болки поради што морал да носилки да биде изнесен од тренинг кампот „Миланело“, а се шпекуира дека станува збор за повреда на тетивата.

Доколку се потврди дека е повредена тетивата, Ибрахимовиќ би бил  опериран по што ќе следи рехабилитација која за овој тип на повреда трае и до девет месеци.

Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милано / 11 мај 2020 / Италија / Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ пред две недели се врати во Италија од Шведска каде тренираше со екипата на Хамарби.

Серија А од 9. март е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот, а првичните датуми за за продолжување на сезоната се 13. или 20. јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот