Ковид-19 под Исар: Директорка на штипска градинка и второоделенец во изолација

Едно дете од основното училиште „Славејко Арсов” во штипската населба Баби од утринава е во изолација по позитивен тест на ковид-19 на еден од неговите родители

– Момчето е од второ одделение, но тоа не е позитивно, туку неговиот родител. Превентивно ќе биде во изолација до добивање на негативен тест на родителот, вели Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип.

Таа потенцира дека учениците од неговото одделение, но и од останатите немале физички контакт со детето кое е во изолација. Детето ќе следи настава онлјан, од својот дом. 

Директорката на градинката „Вера Циривири Трена” во Штип, Софка Атанасова од денеска е во изолација, бидејќи имала контакт со лице кое е позитивно на коронавирусот.

Раководителот на Секторот за јавни дејности, ЛЕР и образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска ја потврди информацијата и вели дека директорката нема никакви симптоми, но во согласност со протоколите и во насока на заштита на персоналот, самата директорка побарала да биде во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот