Ковид-19 одзеде млад живот во Хрватска: Почина 12-годишно девојче со тежок срцев коморбидитет

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Хрватска, која бележи нов раст на новозаразени со коронавирус, за изминатите 24 часа пријави 12 починати пациенти, меѓу кои и 12-годишно девојче, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Според претставникот на Министерството за здравство, Вера Каталиниќ-Јанковиќ, девојчето имало проблеми со срцето.

– Само што добивме информација дека детето починало од ковид и дека станува збор за тежок срцев коморбидитет, а засега немаме други податоци, нагласи директорот на Институтот за јавно здравје, Крунослав Чапак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот