ФОТО: Ковачевски во Вилнус се ракуваше и поразговара со Бајден

Фото: Фејсбук/Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус имаше куса средби со американскиот претседател Џо Бајден.

Фото: Фејсбук/Димитар Ковачевски

„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“, напиша Ковачевски на фејсбук.

Тој претходно се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Луксембург Ксавиер Бетел, на Бугарија Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

„Одлична прилика за повеќе куси неформални средби и разговори со европски и регионални лидери и мои драги колеги на #VilniusSummit на НАТО, премиерите на Обединетото Кралство, Сунак, на Словенија, Голоб, на Луксембург, Бетел и на Бугарија, Денков, како и претседателот на Црна Гора, Милатовиќ“, објави Ковачевски.

„Го започнавме првиот состанок на Северноатлантскиот совет, на кој разговараме за стратегиски концепт за унапредување на одбранбените капацитети и за модернизација на одбраната. Тема на состанокот е и зајакнувањето на отпорноста на членките на НАТО кон растечките сајбер закани. Самитот на НАТО е уникатна можност за сите сојузници да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи“, напиша Ковачевски пред почетокот на НАТО самитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот