Ковачевски: Реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа

Димитар Ковачевски, фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски е уверен дека излегувањето на Демократски сојуз од Владата нема да го наруши парламентарнто мнозинство, кое според него, е стабилно и рече дека реконструкцијата на Владата ќе биде изгласана со повеќе од 64 пратеници.

„Одлуката што ја донесе ДС не претставува нарушување на силината и стабилноста на парламентаното мнозинство. Ме радува што ДС останува на европскиот пат што не можеше досега да се потврди во пракса, освен декларативно. Напуштањето на мнозинството Трајанов го најави во петокот кога разговаравме, но тој сакаше сам да го соопшти тоа. Очекувам дека во текот на денот функционерите, мислам на заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски ќе поднесат оставки. Се надевам дека Трајанов како искусен политичар нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев“, изјави Ковачевки.

Ковачевски рече дека владиното мнозинство е силно и стабилно и дека реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласови.

„Реконструкцијата што ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди, туку за државата да има стабилно мнозинство, да се донесат економските закони и правосудните, да се реализираат реформите, да не се дозволи блокада од опозицијата. Сметам дека сите владини партнери се за ефикасна работа на Собранието, а Алијанса за Албанците ќе го зајакне мнозинството“, истакна Ковачевски.

Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот