Ковачевски: Нафта има, да не се крева паника и трговците да не шпекулираат

Во Македонија нема никаква криза со бензин оти ние со нафта претежно се снабдуваме од Грција. Сакам да апелирам до граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации оти имаме доволни количини на енергенси. Сакам да апелирам и до трговците да не шпекулираат со ограничвање на количината за продаба на нафтени деривати, оти поради тоа уште вчера на терен излезе и пазарната инспекција и другите органи, вели премиерот на РС Македонија Димитар Ковачевски за Утрински брифинг.

Тој додава дека по Состанокот на советот за безбедност беше сопштено дека стоковите резерви се полни, дека има доволно пченица и брашно. Ние секоја година увезуваме дел од брашното од Србија во рамките на трговските договори. Го зголемивме производството на жито и имаме доволни количини кои се преработуваат во мелничарската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот