Ковачевски: Комисиите за историски прашања со Бугарија и Грција работат без политички влијанија

Димитар Ковачевски на собраниска говорница / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Комисиите за историски прашања со Бугарија и Грција се на паритетна основа, комплетно ги раководи научната фела и работат без какви било политички влијанија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски напомена дека сите информации за работењето на комисиите може да се добијат директно кај нив и во Министерството за надворешни работи (МНР).

„Исторските комисии кои работат и со Грција и со Бугарија, а такви постојат и меѓу земји-членки на ЕУ (Полска и Германија), работат независно од политичко влијание и се комплетно раководени од научната фела, односно од историчарите. Тие се направени на паритетна основа. Во Комисијата со Бугарија учествуваат исклучиво исторчари, а во Комисијата со Грција има и дипломати. Сите информации за нивното работење може да се добијат во комисиите и во МНР“, рече Ковачевски по потпишувањето на Договорот за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот