Ковачевски: До 15 април ќе бидат испорачани и монтирани најголем дел од инвертерите

Како компанија, потенцира, имавме обврска од Владата да ги обезбедиме средствата за оваа еколошка мерка во висина од 10 милиони евра што и го направивме.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски очекува до крајот на грејната сезона да бидат исопрачни и монтирани најголем дел од инверторите во Битола, Кичево, Тетово и Скопје за кои компанијата одвои 10 милиони евра од својот буџет како мерка за намалување на загадувањето во четирите најпогодени градови во државата.

– Процедурата е веќе во постапката. Грејната сезона трае до 15 април и се надевам дека најголем дел од клима инвертерите до 15 април ќе бидат испорачани и монтирани. Но, тука не се запира. Оваа мерка ќе трае и понатаму и не е само за оваа грејна сезона. Како што имаше најава од Владата на прес-конференцијата кога се промовираше оваа мерка беше кажано дека покрај овие градови за наредната грејна сезона ќе бидат вклучени и други градови од нашата држава, рече Ковачевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Како компанија, потенцира, имавме обврска од Владата да ги обезбедиме средствата за оваа еколошка мерка во висина од 10 милиони евра што и го направивме.

– Средствата ги пренесовме до Буџетот и потоа се трансферирани во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје. Следна фаза е општините на седница на Совет да донесат одлука за мапирање за зоните и одлука кои компании можат да даваат клима инвертери и кои од граѓаните ќе можат да аплицираат, појасни Ковачевски.

Во Битола, додаде, мапирањето е веќе извршено точно по зони онаму каде што има најголемо загадување, претежно во центарот на градот и многу малку на периферијата.

– Во таквите зони е дадена можноста граѓаните да аплицираат и да ги заменат старите начини на греење на други фосилни горива и за сметка на тоа ќе добијат еколошки клими инвертери. Категорички демантирам дека тука има политичка заднина и дека граѓаните се делат по политичка припадност или неприпадност, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот