Костимот за капење кој предизвикал револуција – „Бикини“ слави 70 години

бикини

Интернационалниот ден на костимот за капење „бикини“ се празнува секоја година. Пред 70 години, на 5 јули 1946 година, дебитирала оваа нова модна креација. Креаторот на ова популарно парче облека се вика Луј Реар, кој бил француски автомобилски инженер и дизајнер на алишта. Тој е првата личност која официјално го дизајнирала дводелниот костим за капење „бикини“ и истиот дебитирал на модна ревија во Париз една недела подоцна. Еве неколку интересни факти за костимот за капење, пренесува „Parade“.

Бил шокантен на почетокот, но стилот добил огромна привлечност и наскоро станал иконски додаток на гардеробата на секоја жена. Во голема мера бил популаризиран од актерката Брижит Бардо во филмот „Девојчето во бикини“ од 1952 година.

Во 1946 година, првите бикини биле рекламирани по продавниците со слоганот: „Сè што е во врска со девојката, освен моминското презиме на нејзината мајка“, во контекст на голотијата на кожата што покажувала сè.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinetvb (@cinetvb)

Танчерката Мишелин Бернардини била првата жена која носела бикини на 11 јули 1946 година, во модна ревија во Париз во „Piscine Molitor“. Таа наводно добила 50.000 коверти пошта од обожаватели.

Познатата бикини сцена од филмот „Something’s Gotta Give“ од 1962 година е последен пат кога старлетата Мерилин Монро се појави на екранот во еден од костимите за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aestheticly Yours (@gentsaesthetics)

Еден од најпознатите моменти во историјата на филмот е сцената од филмот Џејмс Бонд од 1962 година, „Dr. No“, кога Урсула Андрес излегува од водата во бело бикини. Во 2001 година, иконскиот сет за пливање бил продаден за 60 000 американски долари.

Веројатно најпознатото бикини на сите времиња е тоа на принцезата Леја од „Војна на Ѕвездите: Враќање на Џедајот“, всушност имала двојничка. Таа носела метално бикини во сцените со малку акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот