Косовските медиуми тврдат: Во Дреновац не живеат Срби, но српските партии добија гласови

Газета Експрес

Во Дреновац, Косово, иако не живее ниту едно српско семејство, речиси сите српски политички субјекти добиле гласови. Додека во Скендерај српските политички партии добиле 150 гласови, јавува весникот Зери.

Инаку победник во овој регион е Демократската партија на Косово, на Кадри Весели.

Лајми.нет пак јавува дека  на парламентарните избори кои се одржаа во неделата во Косово, во Дреновац, Српска листа добила два гласови, Партијата на Косовоските срби – 23 гласови, Нова демократска странка-3 гласови, Слобода-5 гласови и Самостална либерална странка-12 гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот