Косовската опозиција бара од Курти отчет за 100-те дена владеење и за дијалогот со Србија

Албин Курти / Фото: ЕПА

Најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), побара идната недела да се одржи расправа во Собранието за првите 100 дена работа на Владата предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на пратеничката група на ПДК, Абељард Тахири на денешната прес-конференција изјави дека Владата на Курти, која стапи на должност на кон крајот на март годинава, е прва косовска влада која не дала отчет за својата 100-дневна работа.

– Ова е првата влада од ослободувањето и осамостојувањето на Косово која нема поднесено извештај за 100-те дена. Тој извештај е исклучително значаен, затоа што во тие 100 дена се поставуваат основите за четиригодишното владеење. Ова е исто така прв пат една опозициска пратеничка група да бара организирање на парламентарна дебата за првите 100 дена, изјави Тахири, информирајќи дека барањето за собраниска седница е официјално процесуирано.

ПДК му забележува на Курти и за неподнесувањето извештај за текот на дијалогот со Србија, што се одржува во Брисел со посредство на ЕУ.

Премиерот, според Тахири, покажува голема нетранспарентност, и покрај тоа што со резолуција е обврзан да го известува Собранието за средбите со српската страна.

-Му даваме време на премиерот и се надеваме дека самиот ќе покрене таква иницијатива, бидејќи има резолуција која го обврзува по секоја рунда преговори да има дебата во Собранието. За жал, процесот на дијалогот го следи една голема нетранспарентност. Курти е првиот премиер кој бега од соочување со косовските пратеници, изјави Тахири

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот