Косово со седум починати, 296 нови случаи и 526 оздравени пациенти од ковид-19 во последните 24 часа

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Бројката на жртви на пандемијата на ковид-19 во Косово се искачи на 1.399 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа нови седум пациенти со вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.659 тестови со методот РТ-ПЦР (205.352 вкупно досега), позитивни на коронавирусот биле 296 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна 55.135. Од нив, болеста досега ја совладале 88.572 лица, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 526 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 5.161 активен носител на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот