Косово: Нови три жртви, 292 заразени и 556 излекувани од ковид-19 последните 24 часа

Фото: Архива

Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови три смртни случаи како последица на заразата од ковид-19, откако претходниот ден по подолго време имаше двоцифрена бројка, односно десет жртви на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Последните 24 часа, од извршените речиси три илјади тестирања со методот РТ-ПЦР (вкупно околу 283 илјади досега), 292 лица резултирале заразени од коронавирусот.

Вклучително последните случи, според официјалните статистики на Националниот институт за јавно здравство на Косово, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 65.982 лица, од кои починале 1.571 заболен.

Во извештајниот период забележани се е и рекордни 556 излекувани пациенти, додека вкупната бројка на оние кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19 и кои ја совладале болеста доситгна до 57.941.

Активни носители на вирусот во моментов во Косово, вклучително денешните податоци, се 6.470 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот