Косово ќе ги олеснува мерките за заштита од ковид-19

За разлика од министерот Филипче, кој најави дека се размислува да се воведат нови рестрикции во борбата против коронавирусот, косовскиот министер за здравство Арменд Земај најави ослеснување на мерките против коронавирусот. Тој во Специјалното издание на Клан Косова, меѓу другото, најави дека маската ќе остане задолжителна.

Задолжителните негативни тестови за ковид-19 при влез во Косово и понатаму ќе бидат задолжителни. Министерот објасни дека во моментов најмногу се разгледува прашањето за намалување на времетраењето на полицискиот час. Тој исто така рече и дека оваа недела очекува да се дозволат одржувања на активности во затворен простор, како и да се продолжи работното време на угостителските објекти.

Иако Уставниот суд во Косово одлучи дека уредбата за ограничување на слободното движење на граѓаните која ја донесе владата на Албин Курти на 23 март 2020 година не е во согласност со Уставот и ја прогласи за неважечка, новото раководство на 6 јули повторно воведе карантин кој почнува од 21:00 и траедо 05:00 часот. Со оваа уредба забрането е какво било движење на физички лица надвор од нивните домови / станови во општините: Приштина, Феризај, Призрен и Вучитрн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот