Косово доби излез на море

Премиерот на Албанија, Еди Рама за време на прес-конференцијата со неговиот косовски колега Авдулах Хоти, по заедничкиот состанок меѓу двете влади изјави дека во следните недели пристаништето Драч ќе припадне на Косово.

Тој рече дека уште во следните неколку недели ќе потпише договор со кој ќе овозможи стоките и производите што пристигнуваат на пристаништето во Драч и се наменети за Косово, да бидат управувани од косовската царина.

„За неколку недели ќе одам во посета на премиерот Хоти за конечно да го потпишам договорот што ја поминува Царината во Драч на целосно располагање со Косово и што го прави пристаништето Драч де факто пристаниште на Косово“, рече Рама.

Премиерот исто така зборуваше и за Мини шенгенскиот регион, чиј дел по потпишувањето на договорот во Вашингтон ќе стане и Косово.

„Многу ми е драго што табу-програмата за регионален Шенген веќе падна и тука повторувам, Регионалниот Шенген е проект за нашите деца. Проект што никој од било која возраст не може да го земе во заложништво и не треба да го одложува користејќи го мандатот за застапување од нашиот народ тука и од другата страна на планините. Регионалниот Шенген е проект кој директно ќе влијае на многу подобра иднина за нашата младина, за нашите деца“, изјави Еди Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот