Косовец се обидел да поткупи полицаец на Блаце, полицијата го приведе

Полициски службеник / Фото: Архива

Четириесет и петгодишен Косовец се обидел да поткупи полицаец на Граничен премин Блаце по што полицијата го привела.

Како што информираат од МВР, вчера околу 08.50 часот на граничниот премин не му бил дозволен влез во државата на автобус со косовски национални ознаки затоа што возачот не поседувал сертификат за професионален возач на автобус. Набргу на преминот пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, при што барал автобусот да биде пропуштен“, информираат од МВР.

Притоа, тој понудил пари на сменоводителот, по што бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот