Косовец измамен во Скопје – непознат човек на улица му продал „дијаманти“ за 500 евра

Фото: Google Maps

Жител на Косово вчера бил измамен за сума од 500 евра, откако непознат човек на улица му понудил да купи лажни дијаманти од негов пријател од Кувајт, по што Косовецот му дал 500 евра, соопшти МВР.

„На 02.05.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.К. од Косово пријавил дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи три наводно скапоцени камења – дијаманти од негов пријател од Кувајт, кој бил со него. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, по што лицата заминале, а тој по кратко време сфатил дека бил измамен“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за откривање на измамниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот