Корисни совети за вашиот прв состанок! Правило број еден: Не лажете за вашата тежина и висина! – Слободен печат
МагазинСемејство

Корисни совети за вашиот прв состанок! Правило број еден: Не лажете за вашата тежина и висина!

Исто така, немојте на првиот спој да излегувате од вашата комфорна зона што се однесува до облеката.

Речиси на секој од нас му се случило еден лош состанок после кој сме се сомневале во партнерот.

Но, и на тоа може да се влијае.

Како што пишува „Космполитен“, најважна работа за успешноста или неуспешноста на првиот спој е искреноста. Ако со личната не сте се запознале во живо, немојте да лажете за својата тежина, изглед и да и се прикажувате нереално, бидејќи ќе оставите прилично лош впечаток за себе кога таа личност ќе ве види за првпат. Се разбира дека ќе сфати дека сте лажеле.

Исто така, немојте на првиот спој да излегувате од вашата комфорна зона што се однесува до облеката. Облечете нешто во кое ќе се чуствувате добро, бидејќи во спротивно цело време ќе ви пречи ако не се чуствувате комотно или ќе се прашувате дали ви стои добро…

Што се однесува на разговорот, држете се на некои основни теми како што се ставовите за политика, вера, иднина и слично. Немојте да отварате интимни теми на самиот почеток. Важно е да се каже дека мобилниот телефон треба да го оставите од страна и во потполност да се препуштите на состанокот. Пуштете се да оди спонтано, немојте ништо да форсирате. Така нема да бидете разочарани по првиот ваш состанок…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close