Контроверзниот лидер ја губи поддршката: Славните личности се оградуваат од поврзаноста со Луис Фаракан

Profimedia
Nation of Islam Minister Louis Farrakhan delivers a message to President Donald Trump during a press conference on November 16, 2017 at the Watergate Hotel, in Washington DC. Photographer: Olivier Douliery/Abaca Press,Image: 355523513, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Douliery Olivier/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Јавни личности како Ким Кардашијан, Канје Вест, Челси Хендлер, 2 Чејнс, дури и починатата дива Арета Френклин се поврзуваат со контроверзниот лидер на религиозната организација „Нација на исламот“.

Луис Фаракан, лидер на „Нација на исламот“, познат е по своите контроверзни антисемистички изјавии антибелата теологија, но не е тајна дека имал и блиски врски со некои светски познати и влијателни личности.

Осумдесет и шестгодишниот лидер поради своите изјави со кои повикуваше на „смрт за Америка“ и бараше одделна држава за Афроамериканците, минатата година беше еден од јавните личности чии профили беа засекогаш банирани од социјалната мрежа Фејсбук. Фаракан повторно беше во центарот на вниманието минатата недела кога 25-годишниот Ноа Грин, кој е одговорен за нападот во кој загина еден полицаец, тврдеше дека бил негов следбеник.

Оттогаш медиумите во САД почнаа поинтензивно да истражуваат за неговото минато и дојдоа до сознанија дека во изминатите години тој се дружел со некои славни личности, од кои добивал и поддршка.

Минатиот јуни комичарката Челси Хендлер јавно се извини откако претходно ги бранеше изјавите на Фаракан во интервју дадено во шоуто „Фил Донахју“, споделувајќи го во емисија видеото со негова изјава кое го имаше ре-објавено на својот инстаграм-профил, а од кое како што изјави „многу научила“. Подоцна Хендлер, која е Еврејка, се премисли и изјави:

Верував дека неговата порака е навистина моќна, не помислив на антисемитскиот момент, но, не го избришав видеото, затоа што според начинот на кој е кажано во него има моќна порака. Освен мене и многу други го споделија, а вистината е таа. Црните луѓе немаат историја полна со убивање бели луѓе, туку белите луѓе со илјадници години убиваат црни луѓе и тоа не запира во оваа држава. Секој треба да запомни од каде доаѓа насилството – изјавила Челси и потоа додала дека не ѝ е гајле ако некој не се сложува со неа.

Потоа комичарката се премисли и јавно се извини, па го избриша спорното видео од својот инстаграм – профил.

Сакам искрено да се извинам за објавата на видеото од Луис Фаркан. Не размислив за контекстот на антисемитската и хомофобична реторика искажана во него, што е спротивно на моите лични убедувања – изјави Челси во извинувањето.

Во меѓувреме забавниот портал „БЕТ“ објави фотографии од раперот Цихида Принц, Канје Вест и Ким Кардашијан во друштво со Фаркан. Во инстаграм – постот, кој раперот Цихи подоцна го избриша, вели дека е почестен од зборовите што им ги кажал лидерот.

Во 2018 година Фаракан присуствуваше на погребот на музичката икона Арета Френклин и тоа не помина незабележано. Во текот на мисата тој седеше во црквата покрај активистите Ал Шарптон и Џеси Џексон и поранешниот претседател Бил Клинтон и ги следеше настапите на Фејт Хил и Аријана Гранде.

Покрај тоа, Фаракан гостуваше во радио програмата „Клуб за појадок“ каде што изјави дека целта на гостувањето е да допре до помладата публика.

Во 2015 година, раперот Д Гејм се сретна со Фаракан и објави фотографија на Инстаграм, под која напиша дека го поминал денот со почитуваниот Луис Фаракан во договори за подготовка на традиционалниот марш на Афроамериканците, „Марш на милион мажи“ (прв пат организиран од Фаракан во 1995 година) и дека се подготвуваат да бараат правда за сите. И тој како и другите пред него подоцна ја избриша објавата.

Откако се случи нападот во кој Ноа Грин со автомобил прегази двајца полицајци, од кои подоцна едниот почина, а притоа изјави дека бил инспириран од Фаракан бројни други јавни личности почнаа да се оградуваат од него.

Извор близок на организацијата „Нација на исламот“ изјавија дека Ноа бил „осамен волк“, кој го извршил нападот затоа што пред извесно време ја изгубил работата, самиот се идентификувал на Фејсбук како следбеник на нивната организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот