Конте ја откачи Рома

EPA/ANDY RAIN

Поранешниот тренер на Јувентус и на Челси, одби да ја презеде тренерската фукција во Рома. „Римската волчица“ откако го отпушти Еузебио ди Франческо е во потрага по врвно тренерско име, изборот падна на Конте, му беше понуден тригодишен договор со плата од 9.5 милиони евра, но тој ја одби понудата. Причината е, различната визија за иднината на екипата.

– Во бракот имате две страни. Јас имам своја филозофија која е малку поинаква. Сакам да работам во клуб каде ќе веруваме дека можеме да победиме секого, во спротивно веднаш ќе се повлечам и ќе ја сменам професијата. Ако клубот не може да ми дозволи да работам според моите принципи и правила, тогаш воопшто нека не ме бара – изјави Конте за „Газета дело Спорт“.

Сега откако Рома испадна, во трката за потписот со Антонио Конте останаа само три екипи, Јувентус, Интер и Милан, а најголеми шанси за негов ангажман и се даваат на „старата дама“.

Челниците на Јувентус се разочарани од елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите и сериозно размислуваат за смена на Масимилијано Алегри. Во нотесот на претседателот Ањели има само две имиња, Пеп Гвардиола и тоа на Антонио Конте кој веќе работеше во Јувентус и со задоволство би одработил и „втор“ мандат на клупата на „старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот